Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лацио без милост, го „скокна“ Интер, на Милан не му оди без Ибрахимовиќ

Лацио немаше милост против Спал. Славеше со убедливи 5:1 на домашен терен за 12-та победа на последните 13 меча. Со ова, барем до вечерва, Римјаните го скокнаа Интер на табелата и сега со 49 бодови се на втората позиција. Ова е резултат на одличната серија на тимот на Симоне Инзаги кој 15 меча нема пораз во Серие А. Два гола постигна Имобиле со што дојде до бројката од 25 голови на 21 натпревар. Саиседо со два и Адекање со еден учествуваа во високата победа. Стрелец на единствениот гол за Спал беше Мисироли.

На Милан не му оди без Златан Ибрахимовиќ во составот. Одиграа само 1:1 на домашен терен против Верона, а поради грип Швеѓанецот не настапи. Верона водеше преку Фараони во 13-та минута, а израмни Чалханоглу во 29-тата. Амрабат во 68-та заработи црвен картон, но ниту тоа не му помогна на Милан да дојде до трите бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore