Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лацио шокиран во 95 минута среде Рим

Италијанскиот тим Лацио загуби на домашен терен од Селтик со 2:1 со што ги свете шансите на минимум за пласман во следната фаза од Лига Европа. Со голот на Чиро Имобиле тимот од Рим во 7.минута поведе со 1:0, но Шкотите направија целосен пресврт и славеа за нова победа и лидерска позиција на табелата.

Форест во 38.минута израмни на 1:1, а победата ја донесе Оливие Нт’Шам во петата минута од судиското продолжение.

На вториот меч од оваа група Клуж го совлада Рен со 1:0.

Лидер е Селтик со 10 бодови, Клуж има 9, Лацио 3, а Рен има само еден бод.