Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Леброн не го спречи петтиот пораз на Кливленд

Индијана му го нанесе петтиот пораз на Кливленд оваа сезона во НБА лигата. Кавалирс беа немоќни на свој терен и загубија од Пејсерс со 124:107.

Ниту Леброн Џејмс со 33 поени и 11 асистенции не помогна Кливленд да се спаси од поразот.

Во победничката екипа се истакна Тадеус Јанг со 26 поени.

По осум одиграни натпревари Кливленд има биланс 3-5 (победи-порази), додека Индијана е со ефект 5-3.