Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул без конкуренција, го „прегази“ Лестер

Екипата на Јурген Клоп се чини дека оваа сезона е без конкуренција во Премиер лигата. Во дербито на колото го совладаа Лестер на гостински терен со 4:0. Фирмино два пати, Милнер и Александер Арнолд по еднаш ја затресоа мрежата на домаќинот кој е второпласиран на табеталата и е најпријатното изненадување сезонава во Премиер лигата.

Со оваа победа Ливерпул собра 52 бода, 13 повеќе од Лестер, 14 од Манчестер Сити и 20 од Челзи. Само чудо може да се случи па „црвените“ од „Енфилд“ да останат без титулата оваа сезона.