Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул има „златна“ академија, младинци го однесоа тимот во нокаут фазата
Алкантара, Александар Арнолд, голманот Алисон, Кеита, Ван Дајк, Окслејд Чембрлејн, Милнер, Шаќири, Гомез се играчите на кои Јурген Клоп не можеше да смета за вечерашниот дуел против незгодниот Ајакс. Но, оние кои настапија ја оправдаа довербата, особено младите Џонс (19) и Н. Вилијамс (19) кои вечерва му донесоа победа на Ливерпул. Првиот постигна гол во 58-та минута, а вториот беше асистент. Тие потекнуваат од фудбалската академија на Ливерпул и се чини дека се фудбалери за идните години на овој тим.
Со овој троумф Ливерпул обезбеди пласман во следната рунда, можеше тоа да го стори и Аталанта но направи голем кикс на домашен терен против аутсајдерот Мидтјиланд играјќи 1:1, па во последното коло со Ајакс ќе се борат за второто место.
Лига на шампиони, вторник
Група А
Локомотив Москва – Салцбург 1:3
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1:1
Табела: Баерн Минхен 13, Атлетико Мадрид 6, Салцбург 4, Локомотив Москва 3
Група Б
Шахтјор – Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах – Интер 2:3
Табела: Менхенгладбах 8, Шахтјор 7, Реал Мадрид 7, Интер 5
Група Ц
Марсеј – Олимпијакос 2:1
Порто – Манчестер Сити 0:0
Табела: Манчестер Сити 13, Порто 10, Марсеј 3, Олимпијакос 3,
Група Д
Аталанта – Мидтјиланд 1:1
Ливерпул – Ајакс 1:0
Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Мидтјиланд 1