Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул на „мускули“ го доби „фенерџијата“

Ливерпул славеше минимална победа од 1:0 на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата. Првото полувреме го одбележа иницијативата на гостите, но без конкретен резултат. Норич иако без шут во рамките на голот, ја имаше најдобрата шанса, но Алисон спречи погодок.

По враќањето од паузата Крул имаше многу работа, а капитулираше во 78.минута, стрелец на голот Садио Мане, асистент капитенот Хендерсон.

До крајот на мечот Фирмино имаше големо промашување на празен гол од непосредна близина во 86.минута.

Ливерпул, секако е на првото место со 76 бодови, 25 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Standings provided by Sofascore LiveScore