Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул незапирлив кон титулата, Мурињо го препороди Тотенхем

Ливерпул го искористи киксот на Манчестер Сити, па со победата од 2:1 против Брајтон му „избега“ 11 бодови на најголемиот конкурент за титулата.

Ван Дајк со два гола во 18-та и 24-та минута е најзаслужен за победата. На спротивната страна, стрелец на голот беше Данк во 79.минута.

Претходно во 76.минута Ливерпул остана со играч помалку, бидејќи голманот Алисон надвор од својот шеснаесетник играше со рака.

Тотенхем за малку ќе испуштеше победа против Бурнмаут. Славеше со 3:2, но на крајот се „тресеше“. Деле Али 21.и 50-та се погрижи за 2:0, а во 69-та Сисоко зголеми на 3:0. Сепак, Бурмнаут преку Вилсон во 73. и 96 минута  го ублажи поразот.

Standings provided by Sofascore LiveScore