Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудница во градот на светлината: Дербито во Франција над очекувањата, шест голови и поделени бодови

ПСЖ и Монако одиграа одличен натпревар во 20 коло од Лигата 1. По голема борба на теренот натпреварот заврши со 3:3.

ПСЖ го донесе водството во третата минута со гол на Нејмар, но следуваше пресврт.

Прво во седмата минута изедначија, а во 13-та, Висам му донесе предност на Монако.

Сепак, водството на гостите траеше само до 24. минута кога постигна автогол на Фоде Бало Туре.

https://youtu.be/Ca3SyDeEp1c

На полувреме, ПСG го врати водството со гол од Нејмар во 42-та минута од пенал.

Тимот на Монте Карло не се предаде лесно, а наградата дојде во 70-та минута кога мрежата на актуелниот шампион на Франција беше тресена од Ислам Слимани.