Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Луковиќ МВП на шестото коло од АБА лигата

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Кумано, Урош Луковиќ е избран за најкорисен играч во шестата рунда од регионалната Јадранска лига.

Центарот на Морнар, до МВП наградата дојде по одличната игра на дуелот со Задар. Луковиќ средбата ја заврши со 18 поени, седум скока и четири блокади, или вкупно 31 индексен поен.

Најдобар поентер во ова коло со 30 поени е Бојан Трајковски од МЗТ Скопје, Девин Оливер (Олимпија) е најдобар скокач со 11 скока, Алекса Раданов (ФМП) со три украдени топки и Најџел Вилијамс-Гос (Партизан) со 11 асистенции се најдобрите во овие категории.