Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лулиќ бесен на Инзаги затоа што го замени

Фудбалерот на Лацио, Сенад Лулиќ бурно реагираше откако на синоќешниот натпревар со Болоња беше повлечен од игра од страна на тренерот Инзаги.

Лулиќ во победата на својот тим со 2:1, го постигна вториот гол, асистираше при првиот, а во 50. минута ја погоди и сопствената мрежа (автогол).

Кога тренерот Симоне Инзаги во 64. минута одлучи да го замени Лулиќ, при напуштање на теренот босанскиот репрезентативец вербално го нападна својот претпоставен. Инзаги едноставно го гледаше Лулиќ со неверување.