Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонецот пристигна во Торино, потпишува за Јувентус

Шпекулациите се обвистинија. Дејан Кулушевски допатува во Торино , треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Јувентус. Според информациите договорот ќе биде на 5 години, а Аталанта ќе добие 35 милиони евра, плус 5 во вид на бонуси.

Кулушевски имаше фантастична полу сезона во дресот на Парма каде што настапуваше како позајмен играч. За неговите услуги беше заинтересиран и Интер, кој имал договор со Аталанта, но сепак самиот фудбалер го одбрал Јувентус.

Дејан Кулушевски има македонско потекло, неговите родители се Македонци од охридскиот регион, преселени во Шведска, а тој е таму роден. Дури забележа и неколку настапи за македонската репрезентација за играчи до 17 години. Одби неколку понуди за настап за сениорскиот тим и ја одбра репрезентацијата на Шведска.