Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манчестер Јунајтед „заглави“ во Бриж, Интер се мачеше во Бугарија

По осминафиналните мечеви во ЛШ, се вратија возбудувањата и во Лигата на Европа. Вечерва на програмата се натпреварите од 1/16 финалето.

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето во Бриж. По 15 минути игра Денис погоди со лоб удар откако голманот на Јунајтед направи катастрофална грешка напуштајќи го голот иако акцијата не беше толку опасна.

Во 36-тата Марсиал израмни на 1:1 исто така по една грешка, овој пат на фудбалерите на домашниот тим Клуб Бриж.

Интер му гостуваше на  бугарскиот Лудогорец. Италијанскиот тим славеше со 2:0, но сепак се мачеше 70-тина минути. Ериксен погоди за 1:0 негов прв гол во дресот на Интер, а конечните 2:0 ги постави Лукаку во судиското продолжение.

КЛУБ БРИЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1:1

ЛУДОГОРЕЦ – ИНТЕР 0:2

Резултати 1/16 финале ЛЕ:

Клуж – Севиља 1:1

Клуб Бриж – Манчестер Јунајтед 1:1

Ајнтрахт – Салцбург 4:1

Копенхаген – Селтик

Хетафе – Ајакс 2:0

Лудогорец – Интер 0:2

Шахтјор – Бенфика 2:1

Спортинг – Башакшехир 3:1

Вечерва играат:

АЗ Алкмар – ЛАСК

АПОЕЛ – Базел

Рома – Гент

Б.Леверкузен – Порто

Олимпијакос – Арсенал

Ренџерс  – Брага

Волфсбург – Малме

Вулверхмептон – Еспањол