Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манчестер Сити за пет минути го „реши“ Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“

Пораз и црвен картон, оној за Рамос. Лоша вечер за Реал Мадрид на домашен терен во пресметката со Манчестер Сити во првиот осминафинален дуел. По првото полувреме во кое се „мереа“ силите, головите „паднаа“ во вториот дел.

Прв поведе Реал Мадрид со голот на Иско, по конфузијата на гостинската одбрана. Сепак, во период од пет минути Манчестер Сити го реши мечот во своја корист. Најнапред Жезус во 78-та минута на асистенција на Кевин Де Брујн погоди за 1:1, а потоа асистентот од пенал ги постави конечните 2:1 во 83-та минута. Претходно Рамос заработи црвен картон откако при одлична шанса го собори Жезус.

На вториот меч Лион го совлада Јувентус со 1:0. Францускиот тим одигра солиден меч и во 15-тата минута го постигна голот преку Тусарт. Ова е добра предност, но не и недостижна за Јувентус на реваншот.

Реал Мадрид – Манчестер Сити 1:2

Лион – Јувентус 1:0