Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мбапе се „играше“ во казнениот простор на Јунајтед, а потоа на голот „рампа“

Манчестер Јунајтед славеше со 2:1 на гостувањето кај ПСЖ, а секако дел од заслугата за овој резултат има голманот на англискиот тим Давид Де Хеа. Тоа се покажа и при еден шут на Килијан Мбапе, кој обично погодува од ваквите ситуации.

Напаѓачот се „поигра“ со двајца фудбалери на Јунајтед во казнениот простор, потоа шутираше, но Де Хеа како мачка успеа да интервенира и да ја сочува својата мрежа во оваа ситуација.