Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Мерцедес му одговори на Ферари, новиот болид изгледа моќно

Тимот на Мерцедес го покажа автомобилот со кој ќе ја брани својата невидена серија на титули во 2020 година. Првите фотографии од ажурираната верзија, во однос на боја, на „В11“ беа објавени порано во текот на неделата, но денес веќе се прикажани на новиот автомобил.

Мерцедес ги освои сите 12 титули од влегувањето во турбо ерата – шест за пилотите и шест кај конструкторите. Со успехот во 2019 година, екипата од Бракли го достигна претходниот рекорд поставен од Ферари.