Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси асистираше, 17-годишниот Фати погодуваше, за Енис Барди само 10-тина минути

Барселона на домашен терен со 2:1 го совлада Леванте, за кој македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра последните десетина минути. Тој во игра влезе во 80-тата минута на местото на Вукчевиќ, кога веќе мечот беше решен.

На овој меч свое шоу имаше 17-годишниот фудбалер на Барселона Ансу Фати. Два пати Лионел Меси фантастично му асистираше и два пати тинејџерот погодуваше. Првиот пат во 30-тата минута, кога доби одлична топка од Аргентинецот, претрча речиси половина терен и од работ на шеснаесетникот ја смести топката во мрежата на гостите.

Само една минута се чекаше за нов гол. Повторно исти актери, Лионел Меси асистира, Фати неколку метри погодува.

Во судиското продолжение, благодарејќи на лошата интервенција на Тер Штеген, Рочина постигна гол од далечина за конечни 2:1.

Барселона со оваа победа ја намали бодовната разлика на три бода во однос на лидерот Реал Мадрид.

Леванте и Енис Барди го забележаа четвртиот пораз во низа и останаа на 13-тата позиција со 26 бодови.

Standings provided by Sofascore LiveScore