Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси со хет-трик ја однесе Аргентина на Мундијалот

Лионел Меси со три постигнати гола е најзаслужен за победата (3:1) на Аргентина над Еквадор остварена ноќеска во Кито по која „гаучосите“ во последен момент обезбедија пласман на Светското фудбалско првенство 2018 во Русија.

https://www.youtube.com/watch?v=UY_wB8sIU4A

Домаќините први поведоа со голот на Ромарио Ибара уште во 1. минута, но тогаш стапи „спасителот“ на Аргентина и со погодоци во 12. 20. и 62. Минута на својот национален тим му ја донесе една најважната победа во последно време.

Учеството на Мундијалот со победи го потврдија Бразил против Чиле (3:0) и Уругвај над Боливија (4:2), а четвртата селекција од Јужна Америка со директен изборен пласман е Колумбија која ноќеска одигра 1:1 со Перу.

Токму Перу како петто пласиран ќе игра бараж, додека Чиле и Парагвај кој на домашен терен загуби од Венецуела (0:1) останаа без СП.