Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Михајловиќ со порака, ќе ја добијам оваа битка

Синиша Михајловиќ пред само неколку дена го заврши вториот циклус од хемотерапијата во борбата против леукемијата, а во средата вечерта не можеше да биде на „Ренато дал Ара“ по повод одбележувањето на големиот јубилеј на Болоња.

Поради здравствени причини тој не можеше да биде дел од мечот на легендите на Болоња и Реал Мадрид, со кој прославија 110 години постоење на италијанскиот клуб.

Михајловиќ се обрати со видео порака:

-Жал ми е што не можев да бидам со вас, но вчера излегов од болница и навистина сакав да бидам дома и да го поминам времето со сопругата и децата. Се надевам дека ќе разберете, порача Михајловиќ, па продолжил:

-Се борам со оваа болест и сигурен сум дека ќе биде добро, дека ќе победам во оваа битка, благодарејќи на вас и љубовта на моето семејство.

.