Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мурињо подобар од Гвардиола, среќен и Јурген Клоп

Тотенхем го совлада Манчестер Сити со 2:0 во дербито на колото во Англија. Резултатот сигурно ќе беше поинаков доколку при 0:0 во 40-та минута Гундоган реализираше пенал.

Во 38-та минута Орие стартуваше врз Агуеро, судијата искористи ВАР, а потоа досуди пенал. Гундоган шутираше, Лорис одбрани.

Во 60-та минута поради опструкција при контра на Тотенхем, Жинченко добива втор жолт картон, а тоа значеше исклучување, па Сити остана со 10 играчи во поле.

Тоа го искористи Тотенхем по само три минути игра, Бергвијн постигна убав гол за 1:0.

Конечните 2:0 ги постави Сон во 71.минута кога избегна офсајд замка и од работ на шеснаесетникот ја погоди мрежата на гостите.

Со овој пораз Сити остана на 51 бод на втората позиција, 22 помалку од Ливерпул, кој сигурно ја славеше победата на Тотенхем. Од друга страна, популарните „Петли“ се на петото место со 37 бодови, чекор поблиску до Челзи кој има 41 бод на четвртата позиција која носи директен пласман во ЛШ.

Standings provided by Sofascore LiveScore