Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На денешен ден настана „божјата рака“, момент кој ја смени фудбалската историја

Диего Армандо Марадона. Голем играч, еден од најдобрите на сите времиња. Фудбалски мајстор,  најпознатата „десетка“. Но, покрај неговите квалитети, кои секако се неспорни, историјата ќе го памети и по „божјата рака“.

Имено, на денешен ден пред 34 години се одигра четвртфиналето на СП во Мексико. Аргентина играше против Англија. „Гаучосите“ славеа со 2:1, а токму Марадона постигна два гола. Вториот контроверзен, со рака. Судијата тоа не го виде, Марадона не сакаше да признае, Англичаните бараа игра со рака, сепак Аргентина победи.

Подоцна предводена од Марадона, Аргентина го освои пехарот на СП, откако во финалето славеше против Западна Германија.

Овој негов потег, кој ќе се прераскажува уште долго низ годините, подоцна е наречен „Божјата рака“.