Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: На Меси како да не му се игра, погледнете што прави при противнички напад

Лионел Меси постигна гол од пенал во победата од 2:1 против Динамо Киев во третото коло од ЛШ. Ова е трета победа на Барселона на исто толку мечеви.

Меѓутоа вниманието на овој натпревар го привлече Лионел Меси со неговото однесување при еден напад на противникот.

Фудбалерот за врска на Динамо, Андриевски повлече напад, помина покрај Меси, но Аргентинецот се однесуваше како да е гледач, а не фудбалер кој е дел од мечот.

loading...

Facebook