Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивач истрча на теренот и се приближи до Халанд, по што следеше шоу

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд повторно беше херој на Борусија Дортмунд.

Одличниот напаѓач постигна два гола во победата од 3:1 над Мајнц во саботата, а со девет гола се најде на врвот на листата на стрелци пред Роберт Левандовски, кој има два гола помалку.

Халанд во Дортмунд секако е обожаван, а еден навивач вчера влета на теренот откако заврши натпреварот за да биде блиску до неговиот идол.

Тоа се случи пред 64.000 фанови, а навивачот на крајот доби дрес од Норвежанецот, но и заедничка фотографија. Заедно со Халанд, тој ја прослави победата на теренот.

Нема сомнение дека ова засекогаш ќе го паметат навивачите на 16 октомври 2021 година и тој натпревар со Мајнц.

Реклама

Facebook

Реклама