Фудбал
ВИДЕО: Не е Лорис, не е Манданда, но Французите имаат кунг-фу голман
Во репрезентацијата на Франција веќе со години наназад располагаат со одлични голмани, а очигледно нема да имаа проблем со пронаоѓање на „единицата“ ни во годините кои допрва следуваат.
На средбата од Лигата на нациите помеѓу Франција и Холандија која се одигра во недела на голот на Триколорите не застана Хуго Лорис, а ниту искусниот Стив Манданда туку на позицијата помеѓу стативите застана голманот на ПСЖ Алфонс Арелоа.
Арелоа одлично бранеше во победата на својата екипа од 2:1, а пред самиот почеток на натпреварот ја покажа својата „растегливост“.
Потегот на 25-годишниот Арелоа многумина не го забележаа, но набрзо снимката од неговото загревање стана хит на друштвените мрежи. Арелоа додека се загреваше успеа со нога да ја допре пречката на својот гол.
French goalkeeper Alphonse Areola touching the crossbar with his foot before France Netherlands the other night. ?pic.twitter.com/jcDSR75YgP
— Ball Street (@BallStreet) September 11, 2018