Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Небески скок“ на Роналдо, Јувентус повторно лидер

Фудбалерите на Јувентус забележаа победа во 17.коло од Серие А, откако во Џенова ја совладаа Сампдорија со 2:1.

Во 19-та минута Паоло Дибала зафати одличен волеј, на додавање на Алекс Сандро и го совлада немоќниот голман на домаќините. Сепак, Сампдорија стигна до израмнување во 36.минута кога Џанлука Капрари добро се снајде во казнениот простор на гостите.

Кога се чинеше дека на паузата ќе се замине со 1:1, следуваше „небески скок“ на Роналдо кој донесе ново водство од 2:1. Овој резултат остана актуелен и во второто полувреме, односно до крајот на мечот.

“Небескиот скок“ на Роналдо

Сите голови на мечот Сампдорија-Јувентус

Standings provided by Sofascore LiveScore