Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нејмар потпиша, ќе игра за Интер Мајами на Дејвид Бекам

Двете фудбалски ѕвезди разговараа на Јутјуб специјалот „Легенди со легендите“ каде Бразилецот Нејмар се согласи дека еден ден во иднина ќе игра за клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

-САД се голема можност, иако имаат други спортови во кои се најдобри. Меѓутоа фудбалот е во голем залет и мислам дека е вистинско време тука да дојдат најдобрите играчи. Ќе ти дадам парче хартија да го потпишеш и тоа ќе биде твојот прв договор со Мајами за наредните десет години. Сепак, нема баш многу да ти плаќаме, порача Бекам.

Нејмар веднаш се согласи на договор.

-Јас прв го прашав дали може да играм за неговиот тим. Сакам, и тоа му го кажав на Бекам. Му кажав дека ќе играм еден ден за неговиот тим. Како што кажав веќе имам договор со Дејвид. Ќе бидам во овој клуб за неколку години, изјави Нејмар.