Фудбал
ВИДЕО: Нејмар тешко повреден, во солзи беше изнесен од теренот. За него, сезоната е завршена
Само два месеци откако во трансфер вреден половина милијарда евра од ПСЖ се пресели во Саудиски Ал Хилал и по враќањето од една од бројните повреди, Нејмар тешко се повреди. На натпреварот Уругвај – Бразил (2:0) во квалификациите за СП 2026 година, тој се повреди при дуел со противникот. Во истиот момент, плачејќи и гестикулирајќи во агонија, се струполи и заплака.
Neymar stretchered off in tears after an injury nearing halftime of Uruguay-Brazil.
This was the play that took Neymar out.
He was later seen hobbling to the locker room helped by someone. pic.twitter.com/iHmSHR4gUb
— Nico Cantor (@Nicocantor1) October 18, 2023
Беше јасно дека не може да продолжи. Плачејќи го однесоа од теренот на носилки. Првите извештаи од експертите велат дека евидентно е дека претрпел ротација на коленото и поместување на тибијата. Но, постои сомневање за сериозна повреда на вкрстените лигаменти на коленото на левата нога и менискусот.
Neymar Jr was stretchered off in Brazil vs. Uruguay. Concern here is for an ACL injury (+/- meniscus). Knee valgus (inwards), and tibia shift seen. If confirmed, surgery is necessary.
Recovery time: 6-9 months+
Copa America in 8 months time. Fingers crossed.#Conmebol #Neymar pic.twitter.com/jlxR6CytVX
— Physio Scout | Football Injury Analysis (@physioscout) October 18, 2023
Операцијата изгледа неизбежна. Доколку тоа се случи, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка. Осум месеци до јужноамериканскиот шампионат, а Нејмар, кој дотогаш ќе има 32 години, нема освоено ниту едно големо натпреварување.
PQP… A imagem que ninguém queria ver. Neymar sentiu o joelho e saiu chorando de maca no jogo contra o Uruguai. Que não seja nada demais com o camisa 10… #SeleçãoBrasileira pic.twitter.com/E0VsvEB0ba
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) October 18, 2023