Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нема „Ел Класико“ во Суперкупот, Атлетико во финале, Барселона ја „проколнува“ ВАР технологијата

Во финалето на шпанскиот Суперкуп, во недела ќе играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Прв пат од оваа сезона се игра по моделот Ф4, односно има полуфинале и финале. Во првото полуфинале Реал Мадрид со 3:1 ја совлада Валенсија, а вечерва Атлетико Мадрид со 2:3 ја совлада Барселона.

Сите очекуваа „Ел Класико“, но вечерва стана јасно дека ќе има „мадридско дерби“ во финалето во Суперкупот.

А, неверојатни нешта се случуваа во Џеда, Саудиска Арабија.

Во првото полувреме, Атлетико успеваше да се одбрани. Две шанси на Барселона, два пати голманот Облак спасуваше.

Во вториот дел, сосема поинаква приказна. Само 17 секунди во вториот дел му беа потребни на Атлетико Мадрид да стигне до предност. Видал направи кардинална грешка, по што следуваше контра, која во гол ја претвори Коке.

Сепак, не траеше долго радоста. Во 51.минута Меси израмнува на 1:1.  Веќе во 60-та минута Лионел Меси повторно ја погоди мрежата, но голот е поништен по ВАР снимката, поради играње со рака. Она што не успеа Меси, успеа Гризман две минути подоцна. Барселона стигна до пресврт, стрелец на голот Французинот.

ВАР повторно работеше во 75-та минута кога Барселона постигна нов гол. Видал му додаде на Пике, овој ја сврте топката во празната мрежа, но повторно голот е понштен поради ВАР технологијат.а

Потоа Атлетико стапува на сцена. Витоло изнудува пенал, судијата немаше дилеми, Мората сигурен за 2:2.

Четата на Диего Симеоне до победата стигнува во 86-та минута, реализатор беше Кореа.

Во финалето в недела играат Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а дуелот почнува во 17:00 часот.