Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатен пресврт на Милан и без Ибрахимовиќ, од 0:2, до убедлива победа

Фантастичен меч на „Сан Сиро“ во Милано помеѓу лидерот во групата Милан и последниот тим Селтик. Иако е на последното место, сепак успеа за момент да го шокира италијанскиот тим. Селтик набрзина преку Рогиќ (7-ма) и Едуар (14-та) поведе со 2:0. Сепак, Чалханоглу е креаторот на пресвртот пред се поради неговиот фантастичен погодок за 2:1 од слободен удар во 22.минута.

Две минути подоцна нов гол за Милан, овој пат дело на Кастиљехо. Во вториот дел „Росонерите“, кој и на овој меч играа без Ибрахимовиќ кој е повреден, постигнаа два гола. Најнапред Хауге во 50-та постигна гол за пресврт од 3:2, а потоа 82-та Диаз ги постави конечните 4:2.

Иако има уште едно коло, сепак од оваа група во нокаут фазата ќе играат Лил и Милан, додека Спарта Прага и Селтик ги завршуваат натпреварите.