Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатно што му прават, забранет влез за Балотели во тренинг центарот на Бреша

Марио Балотели е непожелен во Бреша. Иако во текот на вчерашниот ден се обиде да влезе во тренинг центарот, сепак обезбедувањето не го пушти. Таква наредба добиле од раководството на тимот. Ова е доказ дека Балотели ја заврши својата авантура во овој клуб. Сето ова се случува поради кавга со Масимо Челино, прв човек на Бреша, кој пред само неколку дена го оставил Балотели да чека половина час на закажан состанок, за потоа да му се јават и да му кажат дека состанокот е откажан.