Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Никој како Лионел Меси, 50-ти гол од слободен удар

Лионел Меси постигна гол во натпреварот од 11. коло од Шпанското првенство против Ваљадолид. Аргентинецот погоди од слободен удар за негов јубилеен 50.погодок.

Според прес-службата на клубот, Меси во неговата кариера од слободен удар постигна 44 голови за Барселона и шест за аргентинската репрезентација.

Барселона го победи Ваљадолид со 5:1, а Меси на овој дуел постигна уште еден гол.