Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Никој не може да поверува во она што Менди го одбрани вечерва во 93. минута

Челзи вечерва со многу проблеми го победи Брентфорд на гости со 1:0.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 45. минута кога Бен Чилвел постигна фантастичен гол за 1: 0 и се покажа дека е конечен резултат на натпреварот.

Домашниот тим имаше неколку одлични прилики во второто полувреме, и според многумина заслужи да освои бод.

Брентфорд неколку пати ја затресе рамката од голот на Челзи, а имаа фантастична шанса во 93. минута кога еден од домашните играчи се обиде со ножички, но Менди ја одбрани со неверојатна интервенција.

Менди имаше навистина одлични одбрани во финишот и може да се каже дека е најзаслужен за фактот дека „сините“ се враќаат дома со три бода.

Реклама

Facebook

Реклама