Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нови проблеми во Милан, загубија 5:0, а фудбалерот по мечот право во дискотека

Атмосферата во соблекувалната на Милан не е како што треба. Загубија од Аталанта со убедливи 5:0, што е еден од потешките порази на „Росонерите“ во поновата историја.

Сепак, „масло на огнот“ долеа Рафаел Леао. Се појави видео за кое се тврди дека е направено истата вечер кога Милан загуби со 5:0.

Тој се брани, вели видеото е од порано, но сепак италијанските медиуми се упорни и велат постојат докази дека тие се во право.

Како и да е Леао си поминува убаво, барем според видеото.