Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Објавена ретка снимка направена пред смртта на Емилиано Сала

Аргентинскиот напаѓач Емилиано Сала трагично загина на 21 јануари 2019-та година во авионска несреќа. Сала неколку денови пред тоа потпиша договор со Кардиф и кариерата требаше да ја продолжи во овој клуб. Авионот со кој се превезуваше од Нант кон Кардиф се сруши, а остатоците од авионот и телото на фудбалерот се пронајдени на дното на морето.

„Дејли Мејл“ објави едно од последните видеа на Емилиано Сала пред да загине. Видеото е снимено три дена пред трагичната несреќа, кога Сала беше да го потпише договорот со Кардиф.