Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Освојувачката на Ролан Гарос во 2010, ја доби најзначајната битка, го победи туморот

Франческа Скијавоне, поранешна тенисерка, објави вест дека во изминатите седум месеци се борела против тумор и дека победила во таа борба.

-Дозволете ми да ви кажам што се случувало во изминатите седум месеци од мојот живот, со овие зборови 39-годишната Франческа ја почна видеопораката.

-Дијагностициран ми е тумор. Тоа беше најтешката борба со која се соочив. Најдоброто од се е што успеав да победам. Кога ми рекоа дека сум го победила туморот, експлодирав од среќа. Подготвена сум за нови проекти кои поради болеста не можев да ги реализирам. Наскоро повторно ќе се видиме, соопшти Скијавоне.

Инаку, оваа тенисерка во 2010 година го освои Ролан Гарос.

Таа се пензионираше во 2018 година, а од тенисот и турнирите заработила над 11 милиони долари.