Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ова е „бункерот“ во кој се криел Ѓоковиќ кога НАТО ја бомбардираше Србија

Новак Ѓоковиќ во интервју за американска телевизија, зборуваше за многу работи од својот живот. Една од нив е времето на НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година. Од тогаш поминале 20 години, но секако со емоции Ѓоковиќ се сеќава на тие времиња. Во интервјуто го покажа и подрумот каде тој, неговото семејство и соседите се криеле за време на бомбардирањето.

-Лудо е да се замисли колку луѓе мораа да дојдат тука за да се сокријат од опасност од воздух. Остана исто како пред 20 години. Цела зграда се криеше тука, а имаше повеќе од 50 станови, вели Ѓоковиќ.

НАТО ја бомбрадираше Србија, откако тагашниот претседател Слободан Милошевиќ одби да ја повлече војската од Косово и да го сопре убивањето на цивилите. Бомбардирањет почна на 24 март 1999-та година, а заврши на 10 јуни, откако ден претходно Србија и НАТО во Куманово потпишаа воено-технички договор со кој се прецизираше повлекувањето на армијата на Србија од Косово и влегувањето на меѓународните сили.