Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ова се емоциии, легендарниот голман се „сруши“ на трибината по титулата на Фламенго

Во Фламенго ја почна кариерата и во тој клуб ја заврши. Легендарниот голман Жулио Цезар ги помина младинските категории на бразилскиот тим, потоа играше за сениорите, а во 2005 година направи трансфер во Киево. Добрите игри го однесоа во Интер, каде потпиша по неполна сезона во дресот на „Летечките магариња“. Од 2005 до 2012 настапуваше за Интер. Освои пет титули, а во 2010 триплета.

Преку КПР, Торонто, Бенфика, се врати во Фламенго. Со овој тим освои многу пехари, но не и Копа Либертадорес. Поради тоа, проработија емоциите кога годинава Фламенго славеше против Ривел Плата со 2:1 и го освои ова натпреварување. Жулио Цезар во еден момент се „сруши“ на трибината, а потоа имаше помош да стане.