Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Па дали е можно, Халанд пак влезе од клупата и пак ја тресеше противничката мрежа, два пати

Се чини дека Борусија Дортмунд направи вистински „дил“ кога од Салцбург за 20 милиони го купи 19-годишниот напаѓач Ерлинг Халанд. Во минатото коло во Бундеслигата, Норвежанецот на мечот против Аугсбург влезе од клупата за резервни фудбалери, помина 35 минути на теренот и постигна хет-трик, а „Милионерите“ со пресврт победија со 5:3.

Вечерва Борусија на домашен терен повторно славеше убедливи, овој пат против Клен со 5:1, а Халанд во игра влезе 65-тата минута на местото на Торстен Азар, но веќе во 78-та стрелаше за 4:1. Десет минути подоцна нов гол на Халанд, овој пат за 5:1.

Два меча пет голови во Бундеслигата, фантастичен просек. Доколку продолжи вака Халанд за кусо време, барем според сегашните цени, ќе вреди над 100 милиони евра.

Standings provided by Sofascore LiveScore