Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Па, дали е можно? Погледнете каков гол постигна Лукаку против Лудогорец

Интер губеше од Лудогорец со 1:0 на домашен терен откако Оливеира-Соуса во 26-тата минута погоди по една контра. Сепак, Бираги во 32-та минута и Лукаку во четвртата минута од судиското продолжение во првиот дел погодија за пресврт.

Особено чуден, би можело да се каже и комичен гол постигна Лукаку. Шутираше со глава, гостинскиот голман одбрани, но топката повторно удри во главата на Лукаку и заврши во противничката мрежа.

Првиот меч во Бугарија заврши со победа на Интер од 2:0, па во моментов вкупниот резултат е 4:1 во корист на „Нероаѕурите“.