Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Па, не може Горан Пандев сам, Рома славеше во Џенова

По двата порази во низа од Јувентус и Торино, Рома се враќа победнички од гостувањето кај Џенова. Славеше со 3:1 со головите на Ундер, Џеко, а еден беше автогол на Бираски. Гол на овој меч постигна и македонскиот репрезентативец Горан Пандев и тоа за 2:1 оставајќи ја Џенова во игра, но сепак освен ова, неговиот тим немаше сили за ништо повеќе.

Џенова и Пандев се на претпоследното место на табелата со 14 бодови, два повеќе од „фенерџијата“ Спал, а пред нив е Бреша со 15 и Лече со 16. Трката за опстанок ќе биде неизвесна.

Што се однесува до Рома, таа го задржа четвртото место и сега има 38 бодови.

Standings provided by Sofascore LiveScore