Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Падна заштитната ограда, тројца навивачи потешко повредени

Натпреварот помеѓу Амиен и Лил, кој беше одигран во рамки на осмото коло на француската фудбалска Лига 1, беше прекинат по 17 минути игра.

Во 15 минути, Лил поведе со 1:0, а нивните навивачи прославувајќи го голот, ја срушија заштитната ограда и заедно со неа паднаа на теренот.

Многу брзо, безбедносните служби се појавија на тревникот на стадионот Амиен, а судиите го означија конечниот крај на играта.

Првите извештаи велат дека 18 навивачи биле повредени, три од нив потешко.