Фудбал
ВИДЕО: Панчев за „Максимир“, 30 години по почетокот на распадот и крајот на една голема генерација
13, мај 1990-та, на „Максимир“, Динамо ја пречекува Црвена Звезда. Вистинско дерби, полни трибини. Но, наместо фудбал, катастрофа. Околу 2500 навивачи на Црвена Звезда непријателски дочекани на Максимир. Домашните навивачи ја скршија оградата и влегоа на теренот. Почнаа инцидентите, почна распадот на Југославија и почна крајот на една голема генерација пред се на Ѕвезда, но и Југославија која можеше многу повеќе.
За српски „Мондо“ за настанот пред 30 години, зборуваше и Дарко Панчев. Тој вели дека светската политика го уништи целиот регион, не само фудбалот
-Не можам да тврдам, но подоцна се зборуваше дека тие нереди биле „пробен балон“ за распадот на државата кој потоа следуваше. Наводно нередите на „Максимир“ биле организирани со цел да се сменат полициски командири и началници кои не беа Хрвати, вели фудбалска „Кобра“, како што го нарекуваа во времето на Југославија.
Панчев меѓудругото, за настанот додава:
-Сите фудбалери заедно отидовме во соблекувалните и чекавме упатства бидејќи не знаевме и не видовме што точно се случува. Нивните играчи беа коректни кон нас, а со некои од нив подоцна во репрезентацијата зборувавме дека тоа што се случи не беше добро и лесно можеше да биде и многу полошо, вели Панчев за Мондо.
Тогашниот 21 годишен Звонимир Бобан, член на Динамо, а подоцна голема фудбалска ѕвезда, нападна и клоцаше полицаец. Тие снимки и денеска се актуелни кога се спомнува Звонимир Бобан.