Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пет порази на последните шест меча, еве што вели Енис Барди

Тимот на Леванте за кој игра нашиот Енис Барди доживеа нов пораз, петти во последните шест меча, овој пат на гостувањето кај Виљареал со 2:1. По само девет минути игра Морено им донесе водство на домаќините, а Мајорал во 56-тата израмни. Сепак, кусо траеше радоста на Барди и соиграчите бидејќи пет минути подоцна Гомез погоди за 2:1 и конечна победа.

Енис Барди го одига целиот меч. Без разлика на поразот, македонскиот репрезентативец вели дека одиграле одличен меч, се покажале во добро светло, но против себе имале добра и компактна екипа. Виљареал заслужено според него победил, бидејќи за нијанси бил подобар, а она што преостанува за него и Леванте е да работат напорно да ја подобрат формата и резултатите.

Леванте е на 11.место со 29 бодови.

Standings provided by Sofascore LiveScore