Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По Мурињо и Артета на „менито“ на Лампард, Челзи за четири минути „го реши“ Арсенал

Загуби од Евертон, Бурнмаут, Саутемптон, но затоа ги надигра Тотенхем и Челзи. Франк Лампард може да се пофали дека во првата сезона како тренер на „сините“ бил поуспешен од поискусните Мурињо и Артета.

Поплднево Челзи со 2:1 како гостин го совлада Арсенал и тоа преку пресврт. Обамејанг во 13-та минута му донесе водство на Арсенал, но со два гола за четири минути во последните моменти од мечот, „сините“ заминаа со цел плен.

Жоржињо во 83-та и Абрахам во 87-ма се погрижија за победа на Челзи.

Со овие три бода „сините“ собраа 35 и се наоѓаат на четвртото место, додека Арсенал е 12-ти со 24 бодови.