Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Поради прославата на Меси во чест на Марадона, Барселона ќе плати казна од 3000 евра

Барселона ја совлада Осасуна со 4:0. Последниот гол беше дело на Лионел Меси кој навистина постигна прекрасен гол, иако најубавиот го постигна Антоан Гризман. Погодокот Меси го посвети на легендарниот Диего Армандо Марадона. Откако постигна гол го соблече дресот на Барселона, а под него имаше дрес на Њуелс Олд Бојс, тим за кој Марадона настапуваше пред крајот на кариерата, а тим во кој Меси ја започна неговата кариера.

Иако е посебен момент, сепак главниот судија на мечот Матео Лахоз се придржуваше до фудбалските правила, па му покажа на Меси жолт картон. Како што пишува каталонски „Спорт“ за овој потег на Меси како казна Барселона ќе треба да плати 3000 евра.

Advertisement