Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Поранешен фудбалер испорачан на САД, со мали авиони и глисери шверцувал кокаин вреден 27 милиони долари

Поранешниот колумбиски фудбалер Џон Виафара е испорача на САД, каде ќе му се суди за трговија со дрога. Овој фудбалер организирал дистрибуција на две тони кокаин од Колумбија во САД, а за транспорт користел мали авиони и флисери. Според пишувањата на американските медиуми, вкупната вредност на пратките е околу 27 милиони долари.

Виафара е уапсен во март минатата година во Колумбија, по потерница од САД, а испорачан е оваа недела. Во наредниот период се очекува судење и најверојатно долгогодишна затворска казна.

Овој фудбалер играше за бројни клубови, а беше член и на премиерлигашите Портсмут и Саутемптон. Во периодот од 2003 до 20010 година играл и за репрезентацијата на Колумбија и запишал вкупно 34 мечеви.