Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потресни сцени од Италија, судијата даде знак, а тренерот почна да плаче, поради коронавирусот ја загубил неговата мајка

Фудбалот во италијанските лиги се врати овој викенд, а вчера на распоред беа заостанатите дуели во Серие А и Серие Б. Враќањето го одбележа и тажна сцена од мечот Ливорно-Цитадела.

Претходно е одлучено дека секој меч ќе почнува со минута молчење. А, кога судијата даде знак дека натпреварот може да почне, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини не можеше да издржи, па почна да плаче.

Пред неколку недели, коронавирусот ја „зема“ неговата мајка, па реакцијата е потполно разбирлива.