Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО Претепан бугарски фудбалски судија

Со претепување фудбалски судија во Плевенско заврши натпревар од аматерската фудбалска лига. Главниот судија беше нападнат од публика и фудбалери во селото Брест. Во 65. минута натпреварот беше прекинат кога домаќините од Брест водеа со 2:1.

„Немам објаснување за ситуацијата. Во 65. минута одиграв фаул во центарот. Фудбалер на „Брест“ помина покрај мене и ме удри во колкот. Излегов и му покажав црвен картон. Следниот момент целиот тим беше на мене. Ме фатија за глава, ме влечеа, ме удираа. Во одреден момент паднав и изгубив свест. Не знам колку долго бев на земја, но станав и го прекинав натпреварот“. Вака во етерот на „Ало Бугарија“ изјави повредениот фудбалски судија Павел Василев.

Според неговите зборови, тој потоа отишол во соблекувалната, каде повторно бил нападнат.

Погледнете го видеото за повеќе на темата.