Фудбал
ВИДЕО: Претседателот на Сион нападна телевизиски новинар за време на Лугано-Сион.
Претседателот на Сион, Кристијан Константин, физички го нападна телевизискиот критичар, Ролф Фрингер, за време на натпреварот Лугано-Сион.
Фрингер зборуваше за натпреварот, кога одеднаш, Константин пристигна и го стави Фрингер на подот. Кристијан успеа да го исшамари Фрингер, со што најверојатно ќе биде тужен од телевизијата, додека неговиот клуб може да добие и некаква казна.
Никој не знае зошто претседателот на Сион реагираше на таков начин, но сигурно ќе добие огромна казна.