Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Проектил на Перишиќ за три бода за Интер

Интер ја победи Верона на гостински терен со 2:1 во дуелот од 11.коло на Серија А. Најзаслужен за трите освоени бода на „неро-азурите“ е хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ кој во 67.минута го постигна победничкиот со силен удар од 15-ина метри.

Избраниците на тренерот Лучијано Спалети по оваа победа се вратија на второто место на табелата со 29 бода, два помалку од лидерот Наполи.

Верона е на претпоследното 19.место со само шест бода.