Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Прва тројка во кариерата во НБА и тоа на неверојатен начин

Стивен Адамс кој настапува за Оклахома ја постигна првата тројка во кариерата во НБА лигата и тоа го стори на неверојатен начин. Погоди од својата половина во последниот шут и секунда од првото полувреме на мечот против Њу Орлеанс.

Шутот од далечина не е негова подобра страна, па ретко кога Адамс се обидува да погоди за три поени. Но, синоќа му успеа и тоа од својата половина.

Инаку, Оклахома славеше со 123:118, а Адамс мечот го заврши со 11 поени, 11 скокови и две асистенции.